Утрински Весник
Магазин

Каталогот на покојниот рокер Дејвид Боуви продаден на „Ворнер мјузик“

Каталогот на покојниот рокер Дејвид Боуви продаден на „Ворнер мјузик“

Издавачката единица на „Ворнер мјузик груп“ го купи целиот каталог на покојната британска рок-ѕвезда Дејвид Боуви, кој опфаќа шест децении, вклучувајќи хитови како Heroes и Let’s Dance.

Боуви, кој ги помести границите на музиката за да произведе некои од најиновативните песни на својата генерација, почина во 2016 година на 69-годишна возраст.

Договорот помеѓу наследниците на Боуви и „Ворнер мјузик“вклучува песни од 26 студиски албуми објавени за време на неговиот живот, како и постхумното издание на албумот Toy.

„Ворнер мјузик“ не ги откри финансиските услови на договорот во своето соопштение во понеделникот (3 јануари), но доверлив извор изјави за „Ројтерс“ дека цената на каталогот била околу 250 милиони долари.

Можете да прочитате

Храната што го штити мозокот и го намалува ризикот од деменција

Песната „Параходот“ го најавува јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски”

Креаторката на првата ВИ-глумица одговори на критиките од Холивуд: Нема да ви ја украдат работата