Утрински Весник
Македонија

До четврток сончево, по што следи заладување

До четврток сончево, по што следи заладување

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната од 10 до 17 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Можете да прочитате

Скопјанка тешко повредена откако во неа удрил електричен тротинет

Филипче: Европска Македонија или криминална изолација со Мицкоски – изборот е јасен

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од опозициска клупа нуди уставни измени, ни недела од новата влада, а веќе коленичи пред Радев