Утрински Весник
Македонија

Утре сончево со мала облачност и температури до 17 степени, од четврток дожд

Утре сончево со мала облачност и температури до 17 степени, од четврток дожд

Утре сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје претпладне со појава на значителна ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 13 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини. Локални врнежи од дожд ќе има во четврток.

Можете да прочитате

Алиу: Денес го направивме еден од најважните чекори за модернизација на македонското здравство

Border bites целодневен настан во сабота во Дојран

Средба на Сиљановска-Давкова со Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес”