Утрински Весник
Македонија

Тетовчанец при расправија, добил убодна рана од неговиот 17-годишен син

Тетовчанец при расправија, добил убодна рана од неговиот 17-годишен син

Вчера вечер во 20.40 часот во СВР Тетово е пријавено дека во Клинички центар Тетово е донесен А.Б.(37) од Тетово, со убодна рана од остар предмет.

При извршениот разговор со полициски службеници, А.Б. изјавил дека околу 20.00 часот, при расправија во неговиот дом, бил повреден од неговиот 17-годишен син, кој имал здравствени проблеми.

Малолетникот е пренесен во Психијатриска болница Скопје, а увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.

Можете да прочитате

Последниот танц на политичарот Вучиќ: Кога моќта почнува да го губи ритамот 

Бесерменји од Белград: Заплашувањата не успеаја, очекуваме излезност над 70 отсто

Богдановиќ за изборите во Србија: Сега е финалето и за власта и за студентите