Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Мистеријата“ околу учеството на Ѓоковиќ на Австралија опен продолжува

„Мистеријата“ околу учеството на Ѓоковиќ на Австралија опен продолжува
300x250 opst2

Шефот на Австралија опен, Крег Тајли вели дека има „уште многу работи да се постават на место“ за да се дознае дали светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата од првиот гренд слем во 2022.

20-кратниот гренд слем шампион одбива да потврди дали е вакциниран за КОВИД-19 и се повлече од АТП купот во Сиднеј без да даде причина, а според австралиските закони, сите учесници на турнирот кој стартува на 17 јануари мораат или да бидат вакцинирани или да имаат медицинска причина зошто не се вакцинирани.

„Има уште неколку чартер летови до крајот на неделата и потоа сите тенисери ќе бидат. Околу Новак, сигурен сум дека во следните неколку дена ќе имаме појасна слика дали ќе игра. Мислам дека има уште многу работи да се постават на место. Правилата се такви“, вели Тајли.

Рафаел Надал, кој исто така ќе оди на рекордна 21. гренд слем титула веќе е во Мелбурн, додека Роџер Федерер ја продолжува паузата поради повреди.

> „Мистеријата“ околу учеството на Ѓоковиќ на Австралија опен продолжува <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН