Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Три бебиња родени ноќеска на Гинекологија, утрово се роди бебе и во ковид центарот

Три бебиња родени ноќеска на Гинекологија, утрово се роди бебе и во ковид центарот
300x250 opst2

Утрово министерот за здравство Венко Филипче и директорката на ГАК, Викторија Јовановска информираа за случувањата на Клиниките по славењето на најлудата ноќ.

„Првото бебе родено е машко, четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута по полноќ, има 3.070 килограми, а 50 сантиметри е долго. Една минута потоа родено е уште едно бебе, женско, прво бебе на мајката Симона Петреска. Тешко е 3.050 килограми, а долго исто така 50 сантиметри. Утрово околу пет часот во ковид центарот се роди уште едно бебе. Мајката е позитивна, но и мајката и бебето се добри, кажа министерот за здравство Венко Филипче.

Според директорката на ГАК, претходните случувања биле најава дека годината ќе ни биде одлична.

„По ова како ја поминавме ноќта се се чини дека годината ќе ни биде одлична. Сите деца се добри, вклучувајки го и тоа во ковид центарот. Првото бебе е породено спонтано, а второто е со царски. Во ковид одделот е само една пациентка која се породи ноќеска, бебето е машко и тешко е 2.440 килограми“, рече Јовановска.

Можете да прочитате

МЛЕЧНАТА ИНДУСТРИЈА СО СИЛНА ГОДИНА: Вкупна добивка од 6,7 милиони евра

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев

Муцунски во Ирска на средба на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес