Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Мицкоски ја лажеше и плашеше јавноста дека струјата ќе поскапи за 30 до 40 отсто

СДСМ: Мицкоски ја лажеше и плашеше јавноста дека струјата ќе поскапи за 30 до 40 отсто

Со месеци Христијан Мицкоски ја лажеше и плашеше јавноста дека цената на струјата за домаќинствата ќе се покачи помеѓу 30 и 40 отсто и предвидуваше апокалиптични сценарија, истакнуваат од СДСМ.

Денеска, со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, велат од владејачката партија, цената на струјата ќе се зголеми за 9,48 отсто што е три до четири пати помалку од лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, потенцираат од оваа партија, со навремено преземени чекори во енергетиката, успеа да го заштити стандардот на граѓаните.

„Со активирањето на сите капацитети, зголеменото производство на домашна електрична енергија, државата не дозволи поскапувањето на електричната енергија да биде драстично и да создаде ценовен шок. Државата презема обврска да им помогне на најранливите категории граѓани преку финансиска помош, односно преку ваучери за сметки за електрична енергија да бидат помогнати над 45.000 граѓани“, се појаснува во писмената реакција од страна на СДСМ.

Граѓаните да бидат спокојни, додаваат од таму, СДСМ и институциите се тука за да го заштитат и унапредат нивниот животен стандард без разлика на глобалните енергетски предизвици.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт