Утрински Весник
Македонија

Поднесено обвинение за професорот од Струга​ кој со боксирач удрил ученик

Поднесено обвинение за професорот од Струга​ кој со боксирач удрил ученик

Основното јавно обвинителство од Струга поднесе обвинителен предлог против 57-годишниот професор од Струга, за стореното кривично дело – насилство, казниво од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 23.12.2021 година околу 13:30 часот, со боксирач удрил ученик на возраст од 18 години.

Физичкиот напад следел по претходно влошени меѓусебни односи и вербална расправија.

Притоа, обвинетиот замавнал со десната рака на која претходно го имал ставено железниот боксирач и го удрил оштетениот ученик во пределот на главата. Со преземените дејствија обвинетиот нанел телесни повреди кај оштетениот, извршил грубо насилство и во јавноста предизвикал чувство на несигурност.

Обвинителството до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.

Можете да прочитате

Состанок ЕУ-Западен Балкан посветен на предизвиците на превозниците

Сообраќајот по претежно влажни коловози, намалена видливост на патот Гевгелија – ГП Богородица

Променливо облачно, температурата до 11 степени