Утрински Весник
Спорт

Челси ја освои ЛШ, а годината ја заврши со минус од 145.000.000 фунти

Челси ја освои ЛШ, а годината ја заврши со минус од 145.000.000 фунти

Фудбалскиот клуб Челси, објави дека фискалната година ја завршил со минус од 145,6 милиони фунти.

Минусот е забележан и покрај тоа што приходите пораснале од 387.800.000 на 416.800.000 фунти. Приходите пораснале поради поголемиот профит од телевизиските права.

Челси е во минус и покрај тоа што клубот имаше успешна година, во која втор пат во историјата стана европски шампион.

Во соопштението се наведува дека годината е завршена со негативно салдо, поради пандемијата на коронавирусот, кога натпреварите се играа пред празни трибини. Исто така, во наведениот период, Роман Абрамович, вложил во нови играчи, а тие пари не успеал да ги врати со продажбата на фудбалерите кои веќе не се во клубот.

> Челси ја освои ЛШ, а годината ја заврши со минус од 145.000.000 фунти <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина