Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Бекам го кани Суарез во Мајами

Бекам го кани Суарез во Мајами
Img 7972

Претседателот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, сака во својот тим да го донесе Луис Суарез. Бекам не е задоволен како се развива тимот, Мајами не успеа да се пласира во плејофот во МЛС лигата.

Светските медиуми пишуваат дека во клубот не се задоволни од Игуаин, Матуиди и Пизаро. Бекам нема да им понуди договори на овие тројца фудбалери.

Бекам и неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, тренерот Фил Невил, сметале дека идеално решение за тимот е искусниот Уругваец, Луис Суарез.

Суарез има 34 години, неговиот договор со Атлетико Мадрид истекува на крајот од сезоната.

Бекам верувал дека Суарез ќе прифати двегодишен договор, што би значело дека кариерата би ја завршил во САД.

> Бекам го кани Суарез во Мајами <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН