Утрински Весник
Култура

Втора изведба на перформансот „Јовано, Јованке“

Втора изведба на перформансот „Јовано, Јованке“

Вечерва, со почеток од 21 часот во МКЦ (сала 25 Мај) ќе се одржи втората изведба на „Јовано, Јованке“ – авторски танцов перформанс на Јована Зајкова.

„Ова е претстава за Јована – креативен, нефиктивен лик и мешавина од нејзините размисли и идеи. Наместо да ги пласира на социјалните мрежи користејќи ги најновите и најмодерни филтри и ефекти, Јована реши да ги претстави на сцената. Па сите вие на кои ви се потроши батеријата на телефонот, ве заболе прстот од скролање или пак едноставно сакате во живо да ѕирнете во нечија туѓа интимност, ова е настан што не би сакале да го пропуштите.“

Авторка и изведувачка: Јована Зајкова; соработник во развојот на перформансот и кореографијата: Бобан Русески;, музика: Terrafolk; глас: Ангела Стојановска; поддршка низ креативниот процес: Викторија Илиоска, изведувачка и кореографка и Билјана Радионска, режисерка; извршна продуцентка: Емилија Чочкова; костим: Раде Василев; дизајн на промо материјал: Матеја Николиќ; фотографијa на промо материјал: Драгица Николовска.

Перформансот Јовано, Јованке е развиван како авторски проект на Јована Зајкова во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“.

Влезот е слободен, со претходно подигнување протоколарни билети преку www.bileti.mkc.mk или билетарница на МКЦ.

Текстот Втора изведба на перформансот „Јовано, Јованке“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“