Предвидувањата дека шампионката од САД опен, Ема Радукану наскоро ќе стане најбогатата спортистка во историјата на Велика Британија се остваруваат, откако „Дејли мејл“ тврди дека таа веќе потпишала договор од 3 милиони фунти годишно со телеком-гигантот „Водафон“.
Договорот доаѓа откако минатата недела се објави дека „Бритиш ервејс“ исто така склучиле спонзорски договор со 19-годишната тенисерка за таа да биде глобален спонзор, во договор вреден неколку милиони фунти.
Во нејзина предност е што нејзин застапник од неодамна е Макс Ајзенбад од познатата компанија „ИМГ“, поранешен агент на Марија Шарапова. Претходно тој помогна да се склучат спонзорски договори со „Евијан“, „Диор“ и „Тифани“.
> Радукану ќе заработува милиони – нов спонзорски договор за Британката <