Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Општина Аеродром ja чисти депонијата во Долно Лисиче

Општина Аеродром ja чисти депонијата во Долно Лисиче
300x250 opst2

Комуналните служби на општина Аеродром во соработка со Град Скопје деновиве интензивно работат на расчистување на една од најголемите диви депонии на нејзината територија, лоцирана во Долно Лисиче.

„Станува збор за депонија создавана со години пред мостот во Долно Лисиче што граничи со Јурумлери. Овој потег преполн со ѓубре, шут и кабаст отпад, покрај тоа што е премногу лоша слика за тој дел од општината, претставува и голема опасност за животната средина и здравјето на жителите“, посочуваат локалните власти.

Во соопштението се нагласува дека општината и градоначалникот Тимчо Муцунски остануваат фокусирани на решавање на проблемот со дивите депонии.

„Лоцирани се сите депонии на територијата на Аеродром и активно се работи на нивно расчистување. Воведена е и сменска работа на инспекциските служби, кои се постојано на терен и ги едуцираат жителите, а во краен случај и ги казнуваат несовесните граѓани што фрлаат шут и отпад на јавни површини“, велат од општината.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии

Во Струга уапсени три лица за нелегален превоз на огревни дрва

ВЛЕН: “Скенерот” што го бара Али Ахмети е се вика Артан нон грата Груби!