Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Арсовска ги намалува парите за животна средина, Скопје долго ќе биде меѓу најзагадените градови

СДСМ: Арсовска ги намалува парите за животна средина, Скопје долго ќе биде меѓу најзагадените градови

Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, наместо да ги зголеми ги намалува парите за животна средина, и тоа за три пати помалку, обвини на денешната прес-конференција, Стефан Васев од СДСМ.

Како што рече тој, ова е уште една во серијата погрешни одлуки на Арсовска на штета на скопјани.

„За Секторот за животна средина за 2022 година во Предлог Буџетот на Град Скопје предвидени се 73 милиони денари. Три пати помалку од буџетот за оваа година кога поранешниот градоначалник Петре Шилегов обезбеди 213 милиони денари“, нагласи Васев кој потсети дека во кампањата Арсовска ветувала инвестиции во животната средина и борба против аерозгадувањето.

„Буџетот за 2022 покажува дека тоа било само една од многуте предизборни лаги на градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, а со ваков пристап на Арсовска, Скопје уште долго време ќе биде на врвот на најзагадени градови во светот“, истакна претставникот на СДСМ.

Можете да прочитате

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција

Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ