Утрински Весник
Спорт

Спектакуларен меч на Никола Јокиќ – Денвер ги победија ЛА Клиперс

Спектакуларен меч на Никола Јокиќ – Денвер ги победија ЛА Клиперс

Актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ, одигра уште еден спектакуларен натпревар. Јокиќ постигна 26 поени, на кои придодаде 22 скока и осум асистенции, во победата над Денвер над ЛА Клиперс 103:100, во Крипто арена во Лос Анџелес.

Јокиќ е првиот играч, по Чарлс Баркли во 1988 година, со учинок 25+20+5 на два натпревари по ред. Ноќта пред Божик, против Шарлот забележа 29 поени, 21 скок и пет асистенции.

Јокиќ, со поените од линијата за слободни фрлања ја потврди победата на Денвер, откако Лук Кенард со тројка ги доближи Клиперси на 101:100. Последниот напад за Клиперси не го реализираше Брендон Бостон.
Покрај Јокиќ, двоцифрен број на поени за Денвер постигнаа Вил Бартон (17), Девон Рид (15), Монте Морис (12) и Остон Риверс (12).

Ерик Бледсо и Брендон Бостон со по 18 поени беа најефикасни во редовите на Клиперси, Ивица Зубац забележа 17 поени и 11 скока.



> Спектакуларен меч на Никола Јокиќ – Денвер ги победија ЛА Клиперс <

Можете да прочитате

Ливерпул на „мускули“ победи кај последно пласираниот Саутемптон

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1