Утрински Весник
Македонија

Извршени контроли во 17 угостителски објекти во Охрид

Извршени контроли во 17 угостителски објекти во Охрид

На 25/26.12.2021 година од 23 до 02 часот, полициски службеници од СВР Охрид и претставници од Управата за јавни приходи, на подрачјето на Охрид, извршија контрола во 17 угостителски објекти при што затекнаа четири малолетни лица кои биле во угостителски локал по 24 часот, едно лице со лажен сертификат за извршена вакцинација и три лица без сертификати за извршена вакцинација.

Претставниците од УЈП, кај повеќе угостителски објекти, констатирале низа неправилности во готовински промет. По овие основи, против физичките и правните лица, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Трипуновски: Никој не е над законот, нема заштитени лица, без разлика на нивната функција

Денес се празнуваат Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии

Влатко Стефановски во Сплит го прими Порин за животно дело и го претстави новиот албум Muscle Memory