Утрински Весник
Спорт

Расизмот на Интернет во Англија ќе се казнува со 10-годишна забрана на влез на стадион!

Расизмот на Интернет во Англија ќе се казнува со 10-годишна забрана на влез на стадион!

Навивачите кои расистички ќе ги навредуваат фудбалерите онлајн или на стадионите, ќе добијат забрана за влез на фудбалските стадиони до 10 години, најави министерката за внатрешни работи на Британија, Прити Пател, по грдите сцени по поразот на Англија од Италија на ЕУРО 2020.

Англиските фудбалери Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака беа предмет на навреди откако ги промашија пеналите против Италија на „Вембли“, по што се побара построга борба против ваквите навреди, посебно на Интернет.

„Тие кои се одговорни за ова одвратно расистичко однесување онлајн мораат да бидат казнети. Промените во законите кои ќе се донесат во 2022, ќе осигураат тие да добијат суспензии од мечевите“, изјави Пател.

Според новиот закон за престапи може да се одреди казна од 3 до 10 години забрана на влез на фудбалски стадиони, додека посериозни престапи ќе носат и затворска казна од шест месеци.

> Расизмот на Интернет во Англија ќе се казнува со 10-годишна забрана на влез на стадион! <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина