Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Руска новинарка направи хаос – излажа дека на прес-конференцијата на Путин влегла со температура

Руска новинарка направи хаос – излажа дека на прес-конференцијата на Путин влегла со температура
Img 7972

Новинарката Ана Шишминцева од Русија се извини што направила циркус на годишната прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин.

Таа на веб-страницата „Област 45“, по конференцијата на социјалните мрежи се пофали дека на конференцијата влегла со помош на стар тест за ковид и со треска.

View this post on Instagram

A post shared by Анна Шишми́нцева | актриса (@shishmimi)

Во сега избришаната објава, Шиминцева напиша: „ Првото нешто што ме насмеа беше тоа што ме пуштија со погрешен датум на ПЦР-тестот. (Ви благодариме што не обрнувавте внимание)“.

Нејзините најави предизвикаа тревога, а потоа пристигна извинување.

„ Извинете, излажав. Бев возбудена, не спиев со денови. Им се извинувам на сите мои колеги новинари и организаторите на прес-конференцијата за лошата шега со температурата“, напиша таа во петокот на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Анна Шишми́нцева | актриса (@shishmimi)

„ Признавам дека беше глупост. Повторувам, имав температура од возбудата. Жал ми е што го загрозив вашето здравје. Денеска направив два ПЦР теста на различни места, отидов на лекар и зедов крв. Немам респираторни заболувања или КОВИД“, напиша таа, давајќи доказ за нејзиниот преглед.

Во четвртокот Путин ја одржа својата годишна прес-конференција на која зборуваше за голем број горливи теми, од кризата со НАТО и Украина, преку коронавирусот до опозиционерот Алексеј Навални.

Русија во последните недели се бори со голем број заразени лица, со дневен број од околу 25.000.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори