“Вчера Бојан Јовановски, сопственик на медиум, според Зоран Заев провладин медиум, директно го именува Марјан Забрчанец, пет години главниот човек на Заев за владината пропаганда, дека тој ги пишувал текстовите и испраќал содржина за вестите на 1ТВ, телевизија на Бојан Јовановски, со тоа што дневно испраќал, го цитирам писмото на Бојан Јовановски – „по 100 пати ми испраќал текстови и линкови кои мораа да бидат пласирани во етер“.“,изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Стоилковски потсети дека Бојан Јовановски беше сопственик на телевизија на чие што крунисување присуствуваше цела влада, обвинителство, судство, со еден збор – цело СДСМ. И Јовановски вчера директно посочи дека всушност, содржината на вестите во таа телевизија биле пишувани и уредувани од Владата. Уште повеќе, Бојан Јовановски во отвореното писмо до Зоран Заев наведува за, цитирам – „оние што ги плаќате да ви веруваат и да ве бранат“, како и за повторно ќе цитирам – „платена пропаганда од твои новинари кои ги раководи Марјан Забрчанец“.
Според ВМРО-ДПМНЕ ова е сериозно обвинување од сопственик на медиум за чија што близина со членови и врвот на СДСМ, членови од државниот, правосудниот и политичкиот врв е неспорна за било кого во државата.
Како што истакна Стоилковски евентуалниот молк на Марјан Забрчанец на овие прашања ќе го отворат и прашањето за политичко судско обвинителскиот притисок врз новинари и медиуми водени од луѓе коишто не се дел од оние, ќе се послужам со зборовите на Бојан Јовановски, цитирам „оние што ги плаќате да ви веруваат и да ве бранат“, како и, повторно цитирам „твои новинари кои што ги раководи Марјан Забрчанец“.
“Марјан Забрчанец не смее да молчи по ваква прозивка од сопственик на според Зоран Заев провладина телевизија“ , додаде Стоилковски