Утрински Весник
Македонија

Жена од Гостивар со измама зела земјоделски субвенции

Жена од Гостивар со измама зела земјоделски субвенции

Обвинителството од Гостивар до надлежниот суд достави предлог за издавање казнен налог против 41-годишна жителка на селото Топлице која со измама добила земјоделски субвенции.

„Обвинетата, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Подрачна единица Гостивар, поднела барање за субвенции за 2021 година во кое навела невистинити податоци. Нерегуларностите во поглед на бројната состојба и ушните маркици на стоката биле утврдени при контрола од овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој спроведена на 16 септември“, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител предложи на обвинетата да и биде определена парична казна од 10 до 100 дневни глоби.​

Можете да прочитате

Македонка убиена во Италија: Сопругот се јавил на 112 и признал – „Ја убив жена ми“

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски? 

Македонија има доволно керозин, уверува Николоски