Утрински Весник
Спорт

Тадиќ за Митровиќ: Му се лутам што игра во Чемпионшип, тој е за во голем клуб!

Тадиќ за Митровиќ: Му се лутам што игра во Чемпионшип, тој е за во голем клуб!

Душан Тадиќ е прогласен за најдобар српски фудбалер за 2021 година, а при доделувањето на наградата за српските медиуми изјави колку голема почит има за неговиот колега од репрезентацијата – Александар Митровиќ кој игра со Фулам во англиската Чемпионшип лига.

„Се знаеме во душа. Точно знае што ќе направам, и јас знам за него како ќе изреагира. Се сложуваме и надвор од теренот, соработката е одлична“ рече Тадиќ.

Двајцата протизведуваат голови за селекцијата на Србија, а не би било изненадување двајцата да се сретнат во редовите на Ајакс.

„Им велев во Ајакс да го купат, беше малку скап. Се надевам дека во иднина се е можно, би сакал да го видам Митра во голем клуб. Тој тоа го заслужува, а јас често му се лутам што игра во Чемпионшип, иако е среќен во Фулам, но човечките и играчките квалитети заслужуваат поголем клуб. Мора да оди во голем клуб и таму да постигнува голови“ – рече Тадиќ.

> Тадиќ за Митровиќ: Му се лутам што игра во Чемпионшип, тој е за во голем клуб! <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД