Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози

АМСМ соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Изминатото деноноќие приведени 10 лица фатени со дрога

Ален Милковски од Куманово е добитник на стипендијата „Фросина Кулакова“ за 2026 година

Филипче: Опсесијата на Мицкоски да слика голи поранешни функционери е на граница на невропсихологија