Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

При контрола во автобус, едниот возач покажал фалсификувано лекарско уверение а другиот не го поседувал

При контрола во автобус, едниот возач покажал фалсификувано лекарско уверение а другиот не го поседувал
300x250 opst2

Еден возач покажал фалсификувано лекарско уверение а другиот воопшто не го поседувал по извршена полициска контрола во автобус од Тетово кој бил на излез од државата.

Според надлежните, денеска во 11.30 часот на Граничен премин Табановце, при излез од државата, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле контрола во автобус на превозно претпријатие од Тетово.

Притоа, едниот возач В.Д.(39) од Тетово приложил фалсификувано лекарско уверение, а другиот возач Ш.О.(49) од Гостивар не поседувал лекарско уверение.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Филипче од Свети Николе: Дали сега Мицкоски е криминалец што склучи договор со ИРД?

Разговор Давкова – Радев: Македонија подготвена да ѝ помогне на Бугарија во справување со поплавите

Утре и во вторник (6/7 октомври) нови обилни врнежи, на планините снег!