Утрински Весник
Македонија

Заштитни столпчиња на улицата „Костурски Херои“, кај „Силбо“

Заштитни столпчиња на улицата „Костурски Херои“, кај „Силбо“

Со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и регулирање на сообраќајот во овој дел, Општина Центар утринава постави заштитни столпчиња кај фурната „Силбо“

Поставувањето на заштитните столпчиња доаѓа по бројните поплаки од жителите кои пристигнуваат во општината, а се однесуваат на турканиците и сообраќајниот хаос кој се создава на оваа делница.

Поставени се вкупно 47 столпчиња на улицата „Костурски Херои“, на потегот од раскрсницата со улицата „Радњанска“ до вклучувањето на булеварот „Партизански Одреди“, односно пред фурната „Силбо“.

Со поставувањето на столпчињата нема да може веќе автомобилите да се паркираат на коловозот, ќе се нормализира движењето на улицата „Костурски Херои“ и ќе се намали метежот на овој потег.

Од општината апелираат до граѓаните да се придржуваат до сообраќајните правила, да ги почитуваат законските одредби при возењето и да не ги оштетуваат поставените заштитни столпчиња.

Можете да прочитате

Мистериозна смрт во Битола: Пред да биде пронајден мртов, камера снимила како човек го влече струмичанецот по Широк Сокак

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани

ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата