Утрински Весник
Магазин

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон изнајмија цело кино за романтично рандеву

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон изнајмија цело кино за романтично рандеву

Ѕвездата на Saturday Night Live на својата нова девојка ѝ ги покажа омилените места во близина на еговиот дом во Стејтен Ајленд, а минатиот викенд парот уживаше во приватна проекција на „Куќата Гучи“ во „Атриум стадиум синемас“.

Сопственикот на киното, Џеси Скарола, објасни за „ТМЗ“дека Пит обично доаѓа во киното со пријателите барем еднаш месечно, но овој пат безбедносниот тим на Кардашијан повикал однапред да добие одобрение за парот да влезе во објектот преку страничната врата.

Но, и покрај планот да останат незабележани, откако влегоа во зградата, Пит и Ким разговараа со персоналот и фановите, и потоа се фотографираа.

Неодамна таблоидите објавија дека Пит (28) веќе е омилен кај семејството на 41-годишната Ким.

Можете да прочитате

Кинопремиери на српскиот документарец „Југото оди во Америка“

Во Кина изграден лифт на отворено, висок 288 метри, што ќе им помогне на децата побрзо да стигнат на училиште

Џорџ Клуни доби „Златен лав” за животно дело во Венеција