Утрински Весник
Спорт

Анчелоти: Се мислам дали да ја сменам формацијата за мечот со Атлетик!

Анчелоти: Се мислам дали да ја сменам формацијата за мечот со Атлетик!

Кормиларот на Реал Мадрид – Карло Анчелоти се двоуми, дали да ја промени формацијата за средбата со Атлетик во Билбао.

„Утрешниот натпревар ќе биде многу тежок. Многу играчи ќе отсуствуваат, но ова е можност да ги покажат квалитетите другите играчи. Дали Азар ќе стартува утре? Мора да почекаме да видиме дали целосно закрепнал. Лука Модриќ сигурно ќе го пропушти натпреварот. Не може да тренира бидејќи не се чувствува добро. Тој е уморен, има температура и други симптоми. Бидејќи Модриќ и Касемиро не можат да играат, ова е шанса за Камавинга и Валверде. Дали ќе ја смениме формацијата – не сум сигурен. Единствената причина да го сториме тоа би била доколку немаме десно крило. Потоа можеме да преминеме на 4-4-2. Ќе размислам вечерва. Винисиус е добро и сигурно ќе игра“ – рече Анчелоти.

Натпреварот почнува во 21:30 часот, а во пресрет на овој дуел, „Кралевите“ се лидери на табелата во Ла Лига со 43 бода од 18 меча.

> Анчелоти: Се мислам дали да ја сменам формацијата за мечот со Атлетик! <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина