Утрински Весник
Спорт

Тардели: Ливерпул се арогантни и имаат протекции кај судиите

Тардели: Ливерпул се арогантни и имаат протекции кај судиите

Поранешниот фудбалер на Интер, Марко Тардели, истакнал дека лидерот во Серија А може да го елиминира Ливерпул, во осмина-финалето, во Лигата на шампионите.

„Не се согласувам со мислењата дека со овој Ливерпул не може да се игра. Интер само треба да има поинаков интензитет и добра комуникација со судиите“, рекол Тардели и дополнил.

„За прекршоците што ги правеа играчите на Ливерпул против Тотенхем, во Италија се добива казна од десет натпревари. Покрај тоа мислам дека Ливерпул се премногу арогантни и дека имаат протекции кај судиите.“

Марко Тардели е член на шампионската генерацијата на Италија, која го освои Мундијалот во 1982 година. Во финалето против Германија (3:1), Тардели постигна еден гол.

> Тардели: Ливерпул се арогантни и имаат протекции кај судиите <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД