Утрински Весник
Свет

Најмалку 17 загинати откако брод со мигранти потона во близина на Мадагаскар

Најмалку 17 загинати откако брод со мигранти потона во близина на Мадагаскар

Товарен брод со 130 илегални патници потона крај североисточниот брег на Мадагаскар, а во несреќата загинаа 17 лица, додека 68 лица се водат како исчезнати.

Бродот „Франција“ рано утринава го напушти пристаништето во градот Антанамбе во источната област Мананара Север, а најмалку 45 луѓе беа спасени од брановите на Индискиот Океан, се вели во соопштението на Агенцијата за поморска и речна навигација.

„Бродот е регистриран како товарен брод, не за превоз на патници, а Антанамбе не е официјално пристаниште“, изјави Жан Едмонд Рандријантенен, генерален директор на Агенцијата за поморска и речна навигација и оцени дека бродот очигледно потонал поради дупка во трупот низ кој навлегувала вода.

„Не знаеме точно во кое време водата почнала да навлегува во моторната соба на бродот, но нашата спасувачка операција започна околу 9 часот“, рече тој и потврди дека ја продолжуваат потрагата по исчезнатите со три чамци на Националната морнарица и поморската агенција.

Можете да прочитате

Могерини поднесе оставка  – 24info.mk

СЗО: Над 600.000 лица, претежно деца, умреле од маларија во 2024 година

Трамп нареди антимигрантска акција во Њу Орлеанс