Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Само Шилегов и СДСМ може да почнат мост кој завршува во куќа

ВМРО-ДПМНЕ: Само Шилегов и СДСМ може да почнат мост кој завршува во куќа

Шилегов и СДСМ почнале изградба на мост, а не направиле пристап до истиот. Тој не продолжува кон булевар, туку во куќа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Стефан Васев, кој обвини дека градоначалничката Данела Арсовска од само за неа познати причини решава да ја запре изградбата на мостот „Михајло Апостолски“ во Аеродром.

„Околу 100-тина нерешени предмети за експропријација и имотно правни проблеми треба да се решат, па да може да се изградат приоди до мостот“, објаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од паријата посочуваат дека пред воопшто да почне со градба на мостот, поранешниот градоначалник Петре Шилегов требало да ги реши сите пропратни работи, а не, како што велат, да остави куп нерешени предмети и да се фали дека нешто почнал да работи.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт