Утрински Весник
Спорт

Леонардо сигурен дека Мбапе ќе остане во ПСЖ

Леонардо сигурен дека Мбапе ќе остане во ПСЖ
Dik 300x250 mk

Килијан Мбапе ќе биде слободен фудбалер по крајот на сезоната, но спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Леонардо вели дека верува дека францускиот напаѓач ќе остане на „Паркот на принцовите“ и покрај вербата дека Реал Мадрид ќе направат се што можат да го привлечат да пристигне во шпанската престолнина.

„Се работи за компликувана ситуација бидејќи ние би сакале тој да остане кај нас засекогаш и секогаш сме приоѓале кон него со целосно почитување. Мислам дека има големи шанси да потпише нов договор. Луѓето мислат дека кажуваме дека е најдобар бидејќи сакаме да потпише договор, но тоа не е вистина – тој едноставно е најдобриот на денешницата. На 23 години е екстремно зрел фудбалер“, вели Леонардо.

Тој исто така е задоволен од работата која ја врши тренерот Маурисио Почетино, кој е поврзуван со Манчестер јунајтед.

„Работите кои ги кажувавме за него кога пристигна кај нас остануваат исти. Потребно е време да се адаптираат новите фудбалери, иако се работи за големи имиња“, објаснува Бразилецот.

> Леонардо сигурен дека Мбапе ќе остане во ПСЖ <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026