Утрински Весник
Македонија

Ловџија по грешка застрелал и убил човек во Горна Матка

Ловџија по грешка застрелал и убил човек во Горна Матка

Шеесет и четиригодишен ловџија синоќа по грешка застрелал и убил човек додека бил на лов во с.Горна Матка.

Тој го пријавил делото во полициска станица Сарај, со објаснување дека мислел дека е дива свиња. Полицијата го уапсила Р.К.

Во 21.40 часот на полициски службеници им го покажал местото и телото на починатото лице. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт и било утврдено дека починатиот е С.Ј.(46) од с.Матка, скопско. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Мециновиќ гостин на иницијативата „12:05“: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ

Тешка сообраќајка во Струшко, повредени три лица

Николоски: Преку 250 милиони денари инвестираме во Радовиш во поодбрување на инфраструктурата, подршката за општините продолжува