Утрински Весник
Македонија

Приведен охриѓанец, при претрес во неговиот дом пронајдено оружје

Приведен охриѓанец, при претрес во неговиот дом пронајдено оружје

Утрото на ул.„Винковачка“ во Охрид уапсен е 43-годишен охриѓанец, откако кај него било пронајдено оружје за кое немал дозвола.

При претрес во домот на Г.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка од руско производство со калибар 16 мм, една воздушна пушка, една пушка „Црвена застава“ и повеќе куршуми од различен калибар. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

15 годишник со „Мерцедес“ удрил во велосипедист во Куманово

Инспекторката од АХВ барала мито од 250 евра, сега ОЈО за неа бара притвор

Мециновиќ гостин на иницијативата „12:05“: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ