Утрински Весник
Македонија

Се судрија автомобил и автобус вo Ѓорче Петров

Се судрија автомобил и автобус вo Ѓорче Петров

Вчера напладне на улицата Новоселски пат се случи сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и автобус, пришто сопатничката од автомобилот се здоби со тешки повреди.

„Во несреќата учествувале патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(72) од Скопје и автобус „евробус“, со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(35) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото П.С.(71) од Скопје, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа.

Можете да прочитате

По убиството во Охрид, Димоски: Македонија станува небезбедно место за живот

Шок во Скопје: 14-годишно девојче во поодмината бременост, случајот пријавен во полиција

„Наместо разбирање – медиумски линч“: Синот на Жарко Грозданоски со порака до јавноста