Утрински Весник
Македонија

Охриѓанец тешко повреден при судир на два велосипеда

Охриѓанец тешко повреден при судир на два велосипеда

На охридската улица „7 ноември“, во утринските часови на 15 декември се случила незгода меѓу два велосипеда.

Како што информираат од МВР, велосипедите ги управувале Р.М. (49) и В.К. (66), двајцата од Охрид.

Во несреќата со тешки повреди се здобил 66-годишникот, констатирани во охридската општа болница.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.

Можете да прочитате

Жена и маж пронајдени мртви во стан во Скопје, претходно биле пријавени за исчезнати

Почина професорот и дипломат Јован Донев

Нестабилно попладне во Македонија: Пороен дожд и грмежи во повеќе региони