Утрински Весник
Свет

Најстариот Французин почина од ковид на 112 години

Најстариот Французин почина од ковид на 112 години

Најстариот Французин, Марсел Мејс, почина од Ковид-19 во средата навечер во болница во Вјена на 112-годишна возраст, објави неговата ќерка.

„Живееше во својата куќа, но се разболе од Ковид-19 и неговата состојба се влоши, па беше ставен на кислородна поддршка, но и покрај сите напори немаше спас, тој си замина на 112-годишна возраст“, ​​изјави Никол Бојирон, неговата ќерка единица за АФП.

Марсел Мејс бил примен во болница на 2 декември. Роден е во 1909 година и живеел сам во својата куќа.

„Беше среќен во својот дом, со бистри мисли, живееше сам, но имаше помош од социјалните служби“, додава Бојирон.

Поранешниот возач на брза помош преживеал две светски војни и бил вдовец од 1998 година. Тој бил глув и речиси слеп, додаде неговата ќерка.

По смртта на Мејс, титулата најстар Французин би можел да ја земе жител на Ница кој на 6 декември го прославил својот 111 роденден.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури