Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Уникс израмни рекорд за тројки, ги здроби Армејците среде Москва

Уникс израмни рекорд за тројки, ги здроби Армејците среде Москва
300x250 opst2

Руското дерби во 15. коло од Евролигата помеѓу ЦСКА Москва и Уникс Казан донесе неверојатно еднострана кошарка, во која Уникс стигна до победа со неверојатна разлика од 21 поен (88:67).

Марио Хезоња повторно го предводеше Уникс со 18 поени и 10 скока, Ајзаја Канан имаше 16 поени, а О Џеј Мајо додаде 14 за Уникс да се израмни со ЦСКА со 9-6 скор на делба на петтото место во лигата.

„Дојдовме подготвени, се вративме во втората четвртина и го затворивме мечот совршено“, изјави Хезоња.

Токо Шенгелија имаше 20 поени за ЦСКА, но тоа не помогна против тимот на Велимир Перасовиќ, кој го заврши мечот со 60 отсто просек на тројки (15-од-25) израмнувајќи го рекордот на клубот за постигнати три поени.

> Уникс израмни рекорд за тројки, ги здроби Армејците среде Москва <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица