Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Спасовски најави огласи за прием на криминалисти во МВР

Спасовски најави огласи за прием на криминалисти во МВР
300x250 opst2

Нови вработувања на криминалисти во Министерството за внатрешни работи за наредната година, најави денеска министерот за внатрешни работи Оливар Спасовски на свечената промоција на дипломираните студенти на првиот циклус студии на Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“.

Поради заминувањето на поголем дел вработени од МВР во пензија, во 2022 година, според Сапсовски, ќе има потреба од вработување на поголема бројка криминалисти.

„Се отвораат работни места. Затоа и најавив дека 2022 година ќе има огласи за прием на криминалисти во поголема бројка и јас навистина очекувам дека и од оваа генерација на студенти ќе можат да се пријават да бидат дел од македонската полиција, да бидат дел од безбедносниот систем, кој практично се грижи за напредокот, за чување на човековите права, на демократските вредности на државата“, посочи министерот Спасовски.

Според него, знаењето кое што тие го стекнуваат дипломираните студенти низ процесот на едукација на факултетот е пресудно за нивните ангажмани.

„Секако дека пренесувањето на знаењето во практичниот дел од повозрасните колеги ќе биде само нивно надоградување во тоа што значи одлични професионалци кои што ќе работат во Министерството за внатрешни работи и најважно – професионалци со интегритет. Тоа се тие би рекол важни одлики кои што треба да ги има секој еден припадник на македонската полиција“, порача Спасовски.

Можете да прочитате

Разговор Давкова – Радев: Македонија подготвена да ѝ помогне на Бугарија во справување со поплавите

Утре и во вторник (6/7 октомври) нови обилни врнежи, на планините снег!

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски