Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: Како држава сторивме сè за започнување на преговорите со ЕУ

(Видео) Кузеска: Како држава сторивме сè за започнување на преговорите со ЕУ

Како држава направивме се за исполнување на условите и за започнување на преговори со ЕУ и оттаму, очекувањето Бугарија да ја тргне блокадата согласно европските вредности е навистина оправдано, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Одговарајќи на прашање околу новата владина коалиција, Кузеска рече дека договорот со политичката партија Алтернатива е заокружен и дека наскоро ќе биде реализиран.

„Стабилно парламентарното мнозинство е создадено врз основа на принципи и за европскиот пат на државата, стабилност и напредок. Парламентарното мнозинство е постигнато со партии кои ги поддржуваат овие стратешки цели и кои се подготвени да понесат одговорност во ова време кога сме соочени со предизвици, како енергетската криза, пандемијата и севкупната живеачка на народот“, посочи Кузеска.

Во однос на предвремени парламентарни избори, Кузеска истакна дека ставот на СДСМ е јасен и дека сега не е време за предвремени избори.

„Нема потреба за предвремени избори, сега е време за одговорност, во поглед на решавањето на предизвиците пред кои сме исправени, особено енергетската криза и пандемијата со коронавирусот“, заклучи портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Можете да прочитате

Ивановски: На Македонија и треба широк опозициски фронт

Хоџа: Новиот систем за рано откривање на пожари на депониите ќе го спречи нивното проширување  

„Платвормата 12:05“: Македонија старее, младите се иселуваат, политиката ги разочара граѓаните