Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Германскиот суд осуди Русин за убиство на Чеченец по државна наредба

Германскиот суд осуди Русин за убиство на Чеченец по државна наредба
300x250 opst2

Судот во Берлин денеска осуди руски државјанин за убиство на Чеченец во Берлин пред две години, наведувајќи во пресудата дека тоа злосторство го извршил по налог на руската влада.

Регионалниот суд во Берлин објави дека руските безбедносни служби му дале на 56-годишниот Вадим Красиков лажен идентитет, лажен пасош и средства за извршување на нападот во август 2019 година, пренесува агенцијата АП.

Судот го прогласи Красиков за виновен за убиство и го осуди на доживотен затвор.

Во образложението на пресудата, судиите наведоа дека Красиков сноси особено тешка одговорност за убиството, што значи дека по 15 години нема да има право на автоматски условен отпуст, што е вообичаено во Германија.

Официјален Кремљ ги нарече апсолутно неосновани тврдењата за вмешаност на Русија во убиството во Берлин.

Убиството на Зелимхан „Торника“ Хангошвили (40), грузиски државјанин од чеченска националност во август 2019 година, предизвика гнев во Германија и дипломатски тензии помеѓу Русија и Германија. Тоа ја поттикна германската влада да протера двајца руски дипломати и реципрочен одговор од Москва.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот