Утрински Весник
Свет

Израел го ограничува влезот за невакцинираните лица во јавните установи

Израел го ограничува влезот за невакцинираните лица во јавните установи

Израелците ќе треба да покажат документ со кој ќе можат да влезат во јавните установи, врз основа на одлуката на премиерот Нафтали Бенет и министерот за здравство Никано Хоровиц, како и доказ дека примиле три или две дози од вакцината или дека го прележале коронавирусот во изминатите шест месеци.

Зелени пропусници нема да мора да покажуваат само оние кои сакаат да влезат во трговските центри кога им се потребни неопходни услуги.

Списокот на такви услуги ќе го објават здравствените власти и Врховниот обвинител на Израел, објавија израелските медиуми.

Израелското лоби, кое ги застапува трговските центри, се противи на одлуката, оценувајќи ја како неразумна.

Оние кои ја примиле првата доза од вакцината ќе добијат привремена зелена карта со важност од 30 дена.

И двете одлуки треба да бидат одобрени од израелскиот парламент.

Според Министерството за здравство, повеќе од 58 отсто од Израелците постари од пет години се целосно вакцинирани.

Можете да прочитате

Турција: Продолжен притворот на Имамоглу и на 104 лица обвинети за корупција

САД ја укинаа рутинската вакцинација на новороденчињата против хепатит Б

Ја извадил главата од споменикот на Тито и ја ставил во автомобил