Утрински Весник
Свет

СЗО: Омикрон сојот се шири со исклучително голема брзина

СЗО: Омикрон сојот се шири со исклучително голема брзина

Омикрон сојот се шири со исклучително голема брзина, предупреди Светската здравствена организација.

Генералниот директор на организацијата, Тедрос Гебрејесус, нагласи дека иако болеста е со полесни симптоми, бројот на заразени може да ги попречи здравствените системи, особено во помалку развиените земји.

Во моментов, случаи на Омикрон се официјално пријавени во 77 земји, но вирусот најверојатно циркулира во повеќе држави.

Во последните 11 недели има 100.000 смртни случаи – најмногу за тој временски период, во споредба со претходната година.

Можете да прочитате

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран

Преживеани жртви на Епстин ги тужат Министерството за правда на САД и Гугл

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа