Утрински Весник
Свет

Омикрон и во Словенија – потврден првиот случај

Омикрон и во Словенија – потврден првиот случај

Во Словенија е потврден првиот случај на омикрон, изјави денеска премиерот Јанез Јанша, велејќи дека во Љубљана е откриен кластер на инфекции со овој сој.

Словенија на тој начин се приклучи на списокот на земји во кои е регистриран овој високозаразен сој, изјави Јанша во словенечкиот парламент, пренесува СТА.

Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 1.712 нови случаи на коронавирус, секој трет тест бил позитивен, а починале 11 лица, соопшти Националниот институт за јавно здравје.

Можете да прочитате

Минимален сообраќај низ Ормуската Теснина во екот на војната во Иран

Ердоган вели дека Турција работи на воспоставување мир во војната на САД и Израел против Иран

Хезболах: Ќе спречиме израелска окупација на јужен Либан