Утрински Весник
Македонија

Српски државјанин фатен како превезува 28 мигранти

Српски државјанин фатен како превезува 28 мигранти

На автопатот Гевгелија – Скопје вчера бил фатен 20-годишен српски државјанин како во комбе превезува 28 мигранти.

Од нив, 25 биле од Куба (20 полнолетни и 5 малолетни) и 3 од Индија.

Претходно, во 19:20 часот на автопатот на место викано Нова петла во близина на Гевгелија, К.А.(20) од Прешево не застанал на даден знак од полициски службеници, а откако бил стигнат запрел, го напуштил возилото и се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода. Мигрантите биле пренесени во Прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а К.А. бил задржан во Полициска станица Гевгелија.

Во координација со Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Повторно опожарено возило на паркинг во Скопје

21 годишен пешак удрен од автомобил во Гостивар

Во изминатите 24 часа уапсени осум возачи