Утрински Весник
Македонија

Српски државјанин фатен како превезува 28 мигранти

Српски државјанин фатен како превезува 28 мигранти

На автопатот Гевгелија – Скопје вчера бил фатен 20-годишен српски државјанин како во комбе превезува 28 мигранти.

Од нив, 25 биле од Куба (20 полнолетни и 5 малолетни) и 3 од Индија.

Претходно, во 19:20 часот на автопатот на место викано Нова петла во близина на Гевгелија, К.А.(20) од Прешево не застанал на даден знак од полициски службеници, а откако бил стигнат запрел, го напуштил возилото и се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода. Мигрантите биле пренесени во Прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а К.А. бил задржан во Полициска станица Гевгелија.

Во координација со Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ОКГ ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите, истите методи од Груевски

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови