Утрински Весник
Македонија

Повторно се отвори дупка на патот Дебар – Маврово, кај Косоврасти

Повторно се отвори дупка на патот Дебар – Маврово, кај Косоврасти
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дупка длабока од 15 до 20 метри одново се отвори на патот Дебар – Маврово. Очевидци велат дека брзата реакција на случајни минувачи, а потоа и на полицијата, спречила трагедија. Објаснуваат дека дупката е голема и може да пропадне автомобил, но и дел од автобус, доволно за да се преврти.

Ова е вторпат за два месеца да се отвори дупката, на истото место, кај Косовашки мост. Станува збор за фреквентно место. Претходно, истиот проблем се појави во септември, кога се претпоставуваше дека причина е лизгање на земјиштето. И сега, како и претходно, патот е затворен поради можност дупката да се прошири и на другата лента.

Нејзиното санирање е должност на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта.

Можете да прочитате

Филипче: 161 тендер за една компанија, власта се грижи само за тендери 

Алиу најави системски реформи во здравството

Над 160 наставници во 80-ина училишта обучени за настава на деца кои се на лекување