Утрински Весник
Економија

ТЕЦ Неготино ќе почне да произведува струја следната недела

ТЕЦ Неготино ќе почне да произведува струја следната недела

Се полнат складиштата на мазут во ТЕЦ Неготино со количини за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во текот на следната недела, инфорираат од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

„Мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за прием“, додаваат од таму.

Заеднички увид во подготовките на термоцентралата извршија генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, генералниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и членови на управните одбори на двете акционерски друштва.

ТЕЦ Неготино годинава се вклучува во услови на глобална енергетска криза и енормен раст на цената на електричната енергија, поради кои околности производната цена на оваа термоцентрала, која во нормални околности беше висока, сега е пониска од цената на берзите, објаснуваат од ЕСМ.

Од таму додаваат дека ТЕЦ Неготино, како државна електрана, има статус на ,,ладна резерва” во електро-енергетскиот систем и од страна на вработените постојано се одржува во состојба на готовност.

Можете да прочитате

„И Здравје и Работа“: Европа ги забрзува постапките за критични минерали, Македонија треба да го искористи потенцијалот на Иловица

СДСМ: Огромни долгови, владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард