Утрински Весник
Економија

СДСМ: Раст на БДП од 3 отсто и раст на извозот од 29 проценти, економијата е подготвена за претстојните предизвици

СДСМ: Раст на БДП од 3 отсто и раст на извозот од 29 проценти, економијата е подготвена за претстојните предизвици

„Бројни позитивни параметри потврдуваат дека македонската економија е стабилна и подготвена за справување со претстојните глобални предизвици.

Потврда за тоа е растот на БДП од три отсто во третото тромесечје од 2021 година.

Покрај растот на БДП, бележиме и раст на извозот кој во првите 10 месеци од годината е зголемен за 29% во однос на минатата година.

Дополнително, Народна банка потврди дека денарот е стабилен и граѓаните не треба да се вознемируваат од информациите кои ги пласираат одредени медиуми.

СДСМ како одговорна и социјалдемократска партија продолжува да презема мерки што значат вистинска грижа за граѓаните и заштита на нивниот економски стандард.

Во тој правец е и владината одлука за замрзнување на цените на основните продукти до 31 јануари 2022, кои не смеат да бидат повисоки од цените кои биле на први декември 2021 година.

И во 2022 ќе продолжат да растат платите и пензиите.

Минималната плата од јануари ќе изнесува 18.000 денари, со новата методологија за законско усогласување, пензиите ќе растат два пати во годината, меѓу 400 и 600 денари, во зависност од износот на пензијата.

Буџетот е стабилен и ликвиден, државата има доволно пари за помош на граѓаните и компаниите за надминување на предизвиците што претстојат.

Следува и субвенционирање на трошоците за електрична енергија за ранливите категории граѓани и семејства со оглед на предизвиците со цената на струја.

Сето ова ќе доведе до зајакнување на економскиот стандард на граѓани во време кога целиот свет се соочува со енергетска и економска криза.

Како одговорна продолжуваме да обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните, продолжуваме со реализација на мерки и политики во интерес на стопанството“.

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

Во ноември лани 304 одобренија за градење, во Скопскиот Регион 427 стана

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите

Дурмиши: Цените на храната се намалуваат