Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Димитров во Берлин: За да биде глобална сила, ЕУ прво треба да оствари влијание на Балканот

Димитров во Берлин: За да биде глобална сила, ЕУ прво треба да оствари влијание на Балканот
Img 7972

Во Берлин почна годишниот состанок на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), што ги обединува највисоките носители на одлуки на континентот, еминентни интелектуалци, претставници на невладиното општество и тинк-тенк заедницата со цел формулирање на координирана и ефективна надворешна политика на Европа како одговор на современите предизвици.

Како член на оваа заедница, вицепремиерот Димитров го искористи неговото учество за да ја афирмира стратешката важност на процесот на проширување на ЕУ со земјите од регионот од аспект на иднината на Европа.

„Ако Европската Унија се стреми да биде глобална сила, тогаш прво треба да стане „локална“ односно да го оствари своето влијание во Западниот Балкан, регион што во секоја смисла е интегрален дел, не само географски. Токму во овој регион, Унијата мора да оствари најголема влијание со оглед на силната врска од аспект на трговијата и финансиската помош, но и политичкото ветување за европската перспектива од Солун 2003 година. Регионот не е во добра форма, европското ветување е разнишано и ЕУ треба да се запраша дали амбицијата да направи разлика на глобалната сцена како играч е кредибилна без првенствено да делува локално – во регионот“, рече Димитров.

Интервенцијата на вицепремиерот на дискусијата на која учествуваа шпанскиот МНР Хозе Мануел Албарес, европската комесарка Јута Урпилаинен и аналитичарот Иван Крастев, го сврте вниманието кон политиката на проширување на ЕУ и трансформативната моќ во таа смисла.

На овој клучен настан на европскиот политички календар во текот на денот ќе бидат дискутирани и односите Европа – Кина во контекст на иднината на глобалната трговија, на коишто теми меѓу другите учесници ќе се обратат шведската министерка Ан Линде и директорката на ЕК Сабине Вејанд.

Можете да прочитате

Филипче од Свети Николе: Дали сега Мицкоски е криминалец што склучи договор со ИРД?

Разговор Давкова – Радев: Македонија подготвена да ѝ помогне на Бугарија во справување со поплавите

Утре и во вторник (6/7 октомври) нови обилни врнежи, на планините снег!