Утрински Весник
Свет

Русија: Дипломатскиот бојкот на ЗОИ во Пекинг е бесмислен

Русија: Дипломатскиот бојкот на ЗОИ во Пекинг е бесмислен

Шефот на Олимпискиот комитет на Русија денеска изјави дека неговата земја не го поддржува дипломатскиот бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година, за кој одлучија некои од западните земји, осудувајќи го потегот како бесмислен.

„Од спортска гледна точка, овие мерки се апсолутно бесмислени“, изјави за новинарите Станислав Поздњаков, претседател на рускиот олимписки комитет, пренесува Ројтерс.

„Овие мерки имаат исклучиво политички карактер. Навистина се надеваме дека нема да фрлат сенка врз Игрите“, додаде шефот на рускиот олимписки комитет.

Можете да прочитате

Трамп се откажа од планот за наплата за поминување низ Ормуска Теснина

Куба повторно е без електрична енергија

ЕУ и Велика Британија потпишаа договор за слободно движење помеѓу Шпанија и Гибралтар