Утрински Весник
Свет

Москва не знае ништо за средбата НАТО-Русија

Москва не знае ништо за средбата НАТО-Русија

Русија не ги знае деталите од средбата меѓу претставниците на Русија и НАТО за Украина, која ја најави американскиот претседател Џо Бајден, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Не знам ништо за таква средба. Ги видов коментарите на американскиот претседател за ова прашање. Обврзувачките безбедносни гаранции се предмет на понатамошна дискусија“, изјави Рјабков, а пренесува руската агенција ТАС С.

„Се уште ништо не е решено, а американските најави, кои се даваат еднострано, не ни создаваат нова реалност, туку се само потсетување дека овие прашања ќе треба внимателно да се решат“, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Можете да прочитате

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади